X
 04.02.2020 Живот

Син ми има 2,5 години, сака да се облекува како девојче. Збунети сме!

Мајка сум на 2,5-одишно синче. Тој е ведро, весело дете, постојано е активен, со многу силна волја. Зборува нормално, а има фонд на зборови од 50 до 60. Секој ден учи нешто ново, многу е љубопитен, знае и песнички и си ги потпевнува сам. Поминува ограничено време пред екрани, со контролирани видеа без насилство. Она што ме загрижува е неговата фасцинација со розовата боја, или како што сам ја вика - женска боја.

Сè почна пред неколку месеци, кога имал тантрум за розови папучи и свекрва ми му ги купила. Ги носеше и искрено не ми пречеше, јасно ми е дека е убава боја, а тој сè уште не е свесен за својот пол. Блага сум со него на темата, меѓутоа, од неодамна почна да кажува јасно дека сака фустан, вика: „Мама купи фустан син“. Пред некое време бевме да купуваме јакна, си одбра црвен фустан и розови балетанки, а кога се вративме и ги немаше во кесата, зошто не ги плативме на касата, имаше тантрум.

Читав многу на темата и јасно ми е дека уште е непознато за него „момче и девојче“, меѓутоа, ме загрижува што бара сè розово, а исто така голем товар ми е притисокот од маж ми и свекрва ми. Маж ми е критички настроен и директен – ти не си женско и сл. Свекрва ми, од друга страна, ми прави поголем индиректен притисок. Така, побара од мене и маж ми да сме го насочувале да прави машки работи (а си ги прави – автомобили, пиштоли, авиони и сл), а изутрината ѝ се испушти дека му дозволила да ѝ ги лакира ноктите, што мислам дека дополнително го збунува. Друга работа е што бара да му ги облекувам моите блузи и пижами, во спротивно се треска, не заспива. Значи тоа е реткост, но се случило околу 5-6 пати.

Ова е дел од прашањето на мајка, упатено до психолозите и психотерапевтите, соработници на Деца.мк.
Одговорот на Билјана Манасова Јовановиќ прочитајте го на овој ЛИНК.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот