X
 10.01.2018 Живот

Зошто е важно децата да поминуваат време пред екраните?

Се јавуваат низа информации за тоа дека времето поминато пред екраните им нанесува штета на децата. Влијае врз развојот на мозокот и дури е поврзано со зависноста од допамин. Многу родители им го скратуваат тоа задоволство на децата. Но, не е сè така црно.


Се разбира дека на децата најмногу им е потребно да поминуваат време надвор, на чист воздух и во игра со другите дечиња. Но, децата не можат да бидат исклучени од светот во кој живеат – свет преполн со технологија која од ден во ден сè повеќе се развива. Поради тоа, децата мора да научат како функционираат екраните, компјутерите, да ја осознаваат поп-културата, глобалните сленгови, виртуелната реалност, вештачката интелигенција и слично. Се наоѓаме на работ од револуција со вештачката интелигенција, па децата мора да бидат во тек со сето она што ги опкружува, се разбира, во соодветна мера.

Кога се зборува за поминување време пред екраните, не се мисли на постојано следење на социјалните мрежи или гледање „смешни“ видеа. Децата можат да ги гледаат и изучуваат трендовите во светот на технологијата, да употребуваат корисни апликации преку кои ќе го збогатуваат своето знаење.

Технологијата не е непријател. Всушност, социјалните медиуми се. Но, тоа е сосема друга приказна. Поминувањето квалитетно време пред екраните, осврнувајќи се на содржините што се корисни, може да донесе придобивки за развојот на децата.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот