X
 21.08.2021 Живот

Швеѓаните на 17,5, Црногорците на 33,3 - кога младите Европејци се отселуваат од дома?

Податоци од „Евростат“ ја откриваат просечната возраст на која младите го напуштаат домот на родителите во Европа.

На врвот се наоѓа Црна Гора, каде што младите си одат од домовите на родителите на просечна возраст од 33,3 години. Следуваат Хрватска со 32,14 години, Италија со 30,2 години, Португалија со 30 години и Шпанија со 29,8 години.

На другата страна на листата се северните земји. Во Шведска, просечната возраст на која младите си одат од домот од родителите е 17,5 години. Во Данска тие просечно си заминуваат на 21,2 година, а во Финска на 22 години.


Фото: Pixabay

Просечна возраст на која младите си заминуваат од домот на родителите

Црна Гора - 33,3 години
Хрватска - 32,4 години
Италија - 30,2 години
Португалија - 30 години
Шпанија - 29,8 години
Обединето Кралство - 24,6 години
Холандија - 24,3 години
Франција - 24 години
Германија - 23,8 години
Финска 22 години
Данска - 21,2 години
Шведска - 17,5 години

Просечната возраст за цела Европа, врз основа на анализираните земји, изнесува 26,4 години.

Извор: World Economic Forum
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот