Планинарењето во близина на активен вулкан можеби не е начинот на кој го замислувате идеалниот одмор, но за многу туристи уникатното искуство вреди за ризикот.
Вулканот Фуего во Гватемала е најактивниот вулкан во Средна Америка. Тој секоја година привлекува илјадници посетители кои доаѓаат за да сведочат на неговите ерупции. Меѓутоа, тие треба да се качат на соседниот врв Акатенанго, кој се наоѓа на неактивен вулкан, за да го видат кратерот од кој излегува лава.
Врвот Акатенанго се наоѓа на надморска височина од 4.000 метри, а искачувањето трае околу 5 часа. Вулканот Фуего е постојано активен и исфрла облак од чад на секои 15-20 минути.
Тој не е безопасен, а пред четири години неговата ерупција го избришала селото Сан Мигел Лос Лотес, убивајќи 159 лица, а ранувајќи над 300.
Сите екскурзии започнуваат во градот Атигва, кој пред пандемијата привлекувал 2 милиона туристи годишно. Според локалните водичи, вулканот дневно го посетуваат 300-400 луѓе.
Извор:
Punkufer