X
 02.01.2022 Забава

Рид во Индија на кој автомобилите се качуваат без вклучен мотор

На околу 30 километри оддалеченост од градот Лех во Индија се наоѓа необичен феномен кој претставува туристичка атракција.

Станува збор за место наречено Магнетен Рид, на надморска височина од 4.200 метри, на државниот пат кој ги поврзува Лех и Каргил. На ова место, доколку застанете со автомобилот, тој ќе се движи нагоре кон ридот дури и доколку моторот на автомобилот е изгасен.


Фото: Wikipedia

Локалните жители тврдат дека авионите што поминуваат над ова место мора да го прават тоа на поголема височина за необичните карактеристики на местото да не влијаат врз летањето. Меѓутоа, станува збор за оптичка илузија.

Поточно, местоположбата на теренот и околните падини создаваат оптичка илузија дека се качувате иако се спуштате надолу, па изгледа како автомобилите да се искачуваат наместо да се спуштаат.

Локалните жители веруваат дека ова место некогаш било патот до рајот, а луѓето што треба да отидат таму автоматски се привлечени кон ридот.


Извор: Dnevnik
Фото: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава