X
 31.10.2017 Култура

Зошто сите пасоши го имаат истиот дизајн?

1
Фото: iStock

Во октомври 1920 година состанок одржан во Франција засекогаш го променил начинот на кој патуваме. На овој состанок бил создаден модерниот пасош.

Не е важно од која националност се, пасошите низ светот изгледаат исто - со сличен број на страници, големина и дизајн. Причината за ова произлегува од Лигата на народите - меѓувладина организација основана по Првата светска војна, која за да го задржи мирот во светот - се состанала во Париз за Париската конференција за патните исправи и царинските формалности. Првпат тука биле поставени стандарди за сите пасоши.

Пред Првата светска војна не биле потребни пасоши за патување во границите на Европа, а преминувањето на границата било релативно брза процедура. Но работите се промениле за време на војната. Европските влади вовеле построги контроли на границите.

По војната, одржувањето на безбедноста било приоритет, но недостигот на стандардизирани пасоши претставувал сериозна пречка за продолжување на текот на патувањата и економското заздравување на светот.

1
Фото: iStock

Дури и ако луѓето ги собереле сите потребни документи за патување, граничните службеници често се мачеле да ги анализираат странските сертификати, кои доаѓале во различни форми и големини, со различни информации и малку насоки за автентичност.

Париската конференција за формалностите на пасошите и царините ги специфицира големината, изгледот и дизајнот на патните документи за 42 земји-членки на Лигата на народите. Лигата предложи пасошите да бидат 15,5 сантиметри х 10,5 сантиметри и да содржи 32 страници - во првите четири да има детали за изгледот на сопственикот и неговите лични податоци, а останатите 28 се за визи за земјите во кои пасошот е валиден, а на корицата да ги има името на државата и грбот во центарот.

Иако стандардите сега се регулирани од Меѓународната организација за цивилно воздухопловство на ОН, дизајнот и изгледот на пасошите останале релативно непроменети речиси 100 години.

Најзначајните измени на стандардите се во однос на безбедноста, вклучувајќи холограми, водени жигови, кодирани податоци за компјутерско читање и вградени електронски чипови што содржат биометриски информации, кои се користат за верификација на идентитетот на носителот на пасошот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура