Американски хакер успеал да ја прекине интернет-конекцијата на цела Северна Кореја од својот дом.
Хакерот, кој е познат по името П4-екс, успеал да го сруши интернетот на државата откако самиот бил хакиран од севернокорејски шпиони пред повеќе од една година.
Тој вели дека не бил поддржан од американската Влада за случајот дури ни и откако се обратил до Федералното истражно биро (ФБИ). Затоа, одлучил самиот да дејствува.
Фото: Pixabay
Хакерот открил повеќе недостатоци и блокирал повеќе централни сервери и рутери. Според него, голем дел од софтверот кој го користи Владата на Северна Кореја е застарен и затоа е лесна цел.
Тој ги блокирал поголемиот дел од интернет-услугите во земјата, но сè уште не се знае какви последици има нападот бидејќи повеќето од жителите воопшто немаат пристап до интернет.
Извор:
Futurism
Фото: Pixabay