X
 07.08.2015 Технологија

Еден ваш обичен ден виден низ "очите" на "Google"

„Google“ потврди: осаменоста станува поголема со заоѓањето на сонцето. Според податоците од пребарувањата на „Googlе“, луѓето не се толку различни во врска со времето кога го користат интернетот за специфични работи.


Така, поголемиот дел од луѓето го започнуваат денот со вести и временска прогноза, а го завршуваат со информации за славните личности. Најчесто забораваме лозинки по полноќ, а тогаш и најчесто правиме грешки во типкањето.


Паниката и очајот се најчести по полноќ, со оглед на тоа што најчесто се пребарува за самоубиство околу 12:35 по полноќ.


Навечер луѓето се најмногу осамени, а најмногу осамени се чувствуваме во 3:24 часот наутро.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија