Општо е познато дека „Гугл“ овозможува персонализирани резултати на пребарување врз основа на вашите претходни пребарувања, локации и неколку други фактори. Доколку сакате ова да го избегнете и да пребарувате во дискреција, време е да се префрлите на инкогнито-режимот.
Но, проблемот е што новото истражување, спроведено од алтернативниот пребарувач „ДакДакГоу“, тврди дека резултатите и понатаму се персонализираат дури и кога корисниците се одлогирани или се наоѓаат во инкогнито-режим. Истражувањето е спроведено со помош на граѓаните на САД, кои истото пребарување го спроведувале од различни делови на државата, а резултатите наместо да бидат слични бидејќи сите наводно имаат исти преференции кога не се пријавени - и понатаму биле целосно различни.
Линковите и нивниот редослед варираат и во информациите поврзани со вести и инфобокс, што значи дека дел од луѓето гледал линкови, додека друг дел не гледаат. Затоа, „ДакДакГоу“ заклучил дека одјавата и сурфањето во инкогнито-режимот на никој начин не влијае врз резултатите од пребарувањето.
- Обично слушаме и читаме за тоа дека приватното сурфање автоматски значи анонимност на интернет, но ова истражување докажува дека „Гугл“ ги менува резултатите независно од тоа во кој режим се користи, затоа што не смее да ги лаже луѓето и да им влева чувство на сигурност дека таканаречениот инкогнито- режим им овозможува безбедност - вели истражувањето.
„Гугл“ оваа претпоставка ја негираше, нагласувајќи дека на резултатите на пребарување не влијае само персонализацијата, туку и времето и локацијата. Компанијата објави прилично долг елаборат за тоа зошто резултатите на пребарување не се секогаш исти и во низа објави на „Твитер“ ги демантираше обвиненијата што стигнаа од истражувањето.
Во секој случај, „
Гугл“ тврди дека е невозможно да се добијат резултати од пребарувањето што не се барем на некој начин модифицирани. Додека „ДакДакГоу“ навистина истакнува неколку пропусти што „Гугл“ би можел да ги има, вреди да се потенцира дека треба да се земат со доза на резерва.