Чувањето миленик може да заштити од ментално опаѓање кое може да најави деменција кај постарите лица што живеат сами, покажа студија направена со 8.000 испитаници.
Резултатите на британската студија се уште еден доказ дека чувањето миленик може да помогне во ублажувањето на ефектите на стареење на мозокот кај возрасните лица постари од 65 години кои живеат сами.
Осаменоста и деменцијата се растечки глобални проблеми. Се проценува дека бројот на луѓе со деменција на светско ниво ќе се зголеми од 57 милиони, колку што беа забележани во 2019 година, на некаде помеѓу 130 и 175 милиони во 2050 година. Осаменоста, исто така, е во подем и се поврзува со поголем ризик од развој на деменција на постари години.
Сепак, луѓето може да се социјално изолирани без да се чувствуваат осамени и дури и недостиг од социјална интеракција ја менува структурата на мозокот додека влијае врз здравјето и добросостојбата на други начини.
За постарите лица кои можеби не се во можност да шетаат надвор од домовите, поседувањето милениче може да им даде организација на деновите и друштво, што може да ги одржи физички активни, поразговорливи или поврзани со соседите за разлика од луѓето што живеат сами без миленици.
Има многу истражувања кои покажуваат како милениците може да направат да се чувствуваме поповрзани. Сепак, степенот до кој чувањето миленик може да биде противтежа на опаѓањето на менталниот капацитет поврзан со постарите лица кои живеат сами не е проучуван многу.
За да го истражат тоа, Јанжи Ли од Универзитетот „Сун Јат-сен“ во Кина и неговите колеги анализирале податоци од 7.945 лица од Англиската лонгитудинална студија на стареење (ЕЛСА). Информациите за чување миленик биле собрани во петтата етапа од студијата, меѓу јуни 2010 и јули 2011 година, и истражувачите ги следеле когнитивните функции до јули 2019 година, деветтата и најнеодамна комплетирана фаза на студијата.
Во споредба со оние што живееле сосема сами, луѓето што живееле само со нивните миленици имале побавни стапки на когнитивно опаѓање во три клучни области: вербално разбирање, вербална меморија и вербална течност. Милениците на правеле разлика кај постарите лица што живееле со други луѓе. Сепак, помеѓу самците што чувале миленици тоа сосема ги неутрализирало познатите ефекти на живеење сам врз вербалната меморија и течност, утврдиле истражувачите.
Тие утврдиле и дека когницијата не е само процесирање, сфаќање и помнење зборови, и зборување течно. Вниманието, сфаќањето, брзината на процесирањето, епизодната меморија и точноста се само дел од другите аспекти на когнитивни функции кои може да се проценуваат во идни студии со постари лица, вклучувајќи ги и оние што чуваат и оние што не чуваат миленици.
Во студијата не било забележано колку долго луѓето чувале миленици, па тешко е да се знае дали земањето миленик може да го забави менталното опаѓање на истиот начин како долгогодишното чување.
Сепак, како и кај секоја опсервациска студија, резултатите само сугерираат на врска меѓу чувањето миленици и функциите на мозокот, но не нудат директен доказ како што би се понудило во клиничко испитување. Затоа тимот се надева дека резултатите може да се потврдат со клинички испитувања.
Извор:
Science Alert