X
 12.12.2017 Наука

Зошто читањето наглас ни помага подобро да запаметиме?

Мнозинството луѓе престануваат да читаат наглас кога уште како деца ќе ги научат и совладаат буквите, но мала студија покажува дека читајќи наглас, повеќе паметиме и објаснува зошто е тоа така.

Научниците снимале 75 студенти што кажувале 160 збора на глас. По 2 недели тие ги изучувале овие зборови на неколку различни начини: слушајќи свои снимки од зборовите, слушајќи снимки во кои други ги изговараат зборовите, читајќи во тишина и читајќи ги гласно. Техниките ги користеле по различен редослед.

Потоа, им се покажувал збор, па тие требало да кажат дали го учеле. Најефективна метода за учење било читањето зборови наглас, па слушањето снимка, потоа слушањето снимка кога некој друг ги изговара зборовите, па читањето во тишина.

Бидејќи научниците ги издвоиле различните делови од процесот, резултатите покажуваат дека предноста доаѓа не само од читањето или слушањето, туку конкретно од читањето и слушањето на самите себе. Авторите сугерираат дека читањето наглас вклучува различни видови процесирање, со што сме поактивни и поттикнати да правиме нешто повеќе од читање во тишина.

Се работи за мала студија, но сепак потврдува нешто што веќе го знаеме: кога се работи за учење и паметење, вклучувањето на повеќе сетила сигурно дека е поефективно.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука