X
 04.04.2020 Технологија

Зошто Илон Маск им го забрани „Зум“ на вработените?

Илон Маск им ја забрани апликацијата за видео и конференциски повици „Зум“ на своите вработени поради можни безбедносни проблеми.

Во меморандумот за вработените, официјалните претставници на „Спејс екс“ изјавија дека „Зум“ предизвикува значителна грижа за приватноста и безбедноста на корисниците, што го прават несоодветен избор за компанијата.

- Знаеме дека многумина од нас ја користеа оваа алатка за конференции и состаноци. Ве молам, користете е-пошта, текстуални пораки или телефон како алтернативно средство за комуникација - им порача „Спејс екс“ на вработените.

Ова е уште една од многуте лоши вести поврзани со „Зум“, апликација што стана многу популарна од почетокот на појавата на коронавирусот. Бидејќи повеќе луѓе работат од дома, ним им е потребна лесна комуникација. Во многу случаи „Зум“ се покажа како најдобар избор за деловни активности и за училиштата.

Но, во средата истражувачот за безбедност Патрик Вард изјави дека открил две безбедносни дупки во „Зум“ што можат да им овозможат на хакерите локален пристап до машината на корисникот и може да го контролираат компјутерот, како и неговиот микрофон и веб-камера.

zum
Фото: Screenshot

Пред само неколку дена ФБИ соопшти дека знае дека луѓето добиваат неовластен пристап до состаноците на „Зум“ и предизвикуваат хаос. Тој понуди низа насоки за безбедност на видеоконференциите.

Ова не поминало незабележано во „Зум“. Извршниот директор Ерик Јуан во средата изјави дека основата на апликацијата „Зум“ е бесплатна, а платената корисничка база била 10 милиони до крајот на 2019 година. Сега е 200 милиони. И тој ја разбира важноста на безбедноста, како и неуспесите на „Зум“ во оваа област.

- Знаеме дека не успеавме да ги задоволиме очекувањата за приватност и безбедност на заедницата. Поради тоа, изразувам длабоко жалење и сакам да споделам што преземаме во врска со тоа - изјави тој.

Јуан објасни дека „Зум“ ќе престане да додава нови функции привремено за да ја подобри својата безбедност и ќе побара помош од трети страни. Извештајот за транспарентност ќе им помогне на корисниците да ги видат безбедносните проблеми и ревидираната програма со грешки, што ќе ја зајакне можноста на „Зум“ да ги забележи и избегне безбедносните дупки.

Секако, прашање е дали ова ќе биде доволно. Со 200 милиони корисници, управувањето на „Зум“ и подобрувањето на безбедноста за толку кратко време нема да биде лесно.

Извор: Inc.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија