X
 16.10.2017 Технологија

Отсега, сите ваши wi-fi конекции им припаѓаат на хакерите

ruter
Фото: Pixabay

Неодамна започнаа да кружат информации дека протоколот за шифрирање на WPA2, што го штити вашиот безжичен рутер и поврзаните уреди, бил пробиен од хакерите.

Ова значи дека хакер кој е во рамките на физичкиот опсег на вашата домашна или канцелариска мрежа, може да ја пробие вашата Wi-Fi лозинка, да ја види вашата интернет активност и да влезе во енкриптираните протоци на податоци (лозинка внесена на веб-страница која не е https или видео од вашата безбедносна камера во домот).

Ова беше очекувано, со оглед на тоа што WPA2 е стар околу 13 години. Што ова значи за вас? Иако ова не значи дека хакерите веднаш ќе ве хакираат, вашата wi-fi мрежа е ранлива, додека производителот на рутерот не издаде безбедносно ажурирање. Исто така, ќе бидете безбедни кога пребарувате низ https страници, но сѐ што испраќате од телефонот или од компјутерот како чист текст може да биде искористено. Доколку е можно, користете VPN за понатамошно прикривање на вашата интернет активност.

Дополнително на тоа, треба да побарате безбедносни мерки за паметните домашни уреди во вашиот дом; во зависност од тоа како се конфигурирани, би можеле да бидат хакирани да протекуваат податоци и да им дозволат на хакерите да копираат или променат лозинки на вашите брави и алармни системи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија