X
 26.02.2015 Технологија

Најбараниот руски хакер вреден 3 милиони долари

ФБИ објави награда од 3 милиони долари за информации кои ќе овозможат директно апсење и осудување на Евгениј Михаилович Богачев, еден од најпосакуваните осомничени хакери обвинет за крадење на милиони долари.

 

хакер


Ова е досега највисоката награда на американските власти кои некогаш понудиле во било кој сајбер случај во нивната историја. Според бирото, 30 годишниот Русин е водач на сајберска криминална група која го развила таканаречениот „GameOver Zeus“.

Евгениј Михаилович Богачев исто така познат под псевдонимите „lucky12345“, „Slavik“ и „Pollingsoon“ е умот позади „GameOver Zeus“ ботнетот кој наводно се користел од сајбер криминалците, за инфицирање на повеќе од 1 милион компјутери, резултирајќи во загуба од повеќе од 100 милиони долари во 2011 година.

„GameOver Zeus“ создава лажни трансакции од онлајн банкарски сметки откако ќе се инсталира во системот кој бил таргет со способност да спроведе таканаречено DDoS или „Distributed Denial of Service“, напад на ботнет, кој вклучува повеќе „поплави“ на сервери на финансиски институции.

Исто така, осомничениот е обвинет и за организирање на „CryptoLocker Ransomware“, дизајниран за изнудување на пари од компјутерски корисници преку држење на компјутерските датотеки како заложници, додека корисникот на компјутерот не плати откуп.

„CryptoLocker“ ги енкриптира хард дисковите на жртвите со силна АЕЅ-256-битна енкрипција пред да побара пари.

„GameOver Zeus“ ботнетот бил прекинат од ФБИ минатата година, меѓутоа останува во функција. „Иако бевме во можност значително да го нарушиме овој злосторнички потфат, се`уште го немаме фатено Богачев“, вели Лесли Колдвел, помошник на јавниот правобранител.

Џозеф Демарсет, помошник директор на одделот за сајбер криминални дела на ФБИ, го опишува Богачев како еден од најлошите светски сајбер криминалци и брилијантен во она што го направил. Властите го обвинуваат Богачев за заговор, компјутерско хакирање, измама, банкарски измами и перење на пари.

„Се свртуваме кон светската јавност за помош во пронаоѓање на Богачев“, вели Демарсет. „Иако се знае дека живее во Русија, тој може и да патува. Со оваа награда од 3 милиони долари, ги поттикнуваме сите оние кои имаат информации каде се неоѓа, да ги известат властите“.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија