Како дел од напорите вештачката интелигенција да биде поразбирлива за пошироката јавност, „Гугл“ создаде образовна веб-страница наречена „Learn with Google AI“, што, меѓу другото, вклучува и нов онлајн-курс наречен „Краш курс за машинско учење“. Курсот обезбедува вежби, интерактивни визуализации и наставни видеа што секој може да ги користи за да ги научи и практикува концептите за машинско учење. До денес повеќе од 18.000 кандидати се запишале на
курсот. Сега е достапен за сите, насекаде. Можете да го дополните со други курсеви за вештачка интелигенција.
ТУКА можете да се запишете.