Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), бројот на случаи на рак во светот се очекува да се зголеми за 55 отсто до 2040 година во споредба со 2020 година.
- Доколку стапката на рак остане стабилна, а растот на населението и стареењето продолжат паралелно, се проценува дека до 2040 година во светот ќе бидат регистрирани 28 милиони нови случаи на рак - објави СЗО.
До 2040 година, бројот на заболени од рак се очекува да се зголеми за 54,9 отсто во споредба со 2020 година, при што зголемувањето е за 60,6 проценти поголемо кај мажите отколку кај жените.
Ракот, втора водечка причина за смрт, секоја година се дијагностицира кај 734.000 луѓе, а во 2020 година, еден од шест смртни случаи се должи на канцер.
На повеќе од 19,2 милиони луѓе во светот им бил дијагностициран рак во 2020 година, додека повеќе од 9,9 милиони луѓе починале од оваа болест.
Околу 400.000 деца годишно заболуваат од рак во светот.
Од 30 до 50 проценти од смртните случаи предизвикани од рак може да се спречат со рана дијагноза и ефикасен третман, додека значителен број пациенти немаат пристап до навремена дијагноза и третман.
Според Меѓународната агенција за истражување на ракот, најмногу случаи има во Азија - 9,5 милиони.
Извор: МИА