X
 29.06.2023 Живот

СЗО идниот месец ќе го прогласи аспартамот за можен причинител за рак

Светска здравствена организација следниот месец ќе прогласи еден од најчестите вештачки засладувачи во светот за можен причинител за рак, јавија светските агенции повикувајќи се на два извори запознаени со процесот.

Аспартамот, кој се користи во низа производи, ќе биде опишан како „можен канцероген за луѓе“ од Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC), одделот за истражување на ракот на Светската здравствена организација (СЗО), велат изворите.

Меѓународната агенција за истражување на ракот, чиј заклучок беше финализиран претходно овој месец по состанокот на надворешните експерти на групата, има цел да процени дали нешто е потенцијална опасност или не врз основа на сите објавени докази. Таа не се занимава со тоа која количина од производот едно лице може безбедно да ја консумира.

Таквата препорака е дадена од друг стручен одбор на СЗО за адитиви во прехранбените производи, познат како JECFA (Заеднички експертски одбор на СЗО и Организација за храна и земјоделство за адитиви во прехранбените производи) и национални регулатори.

Слични заклучоци на Меѓународната агенција за истражување на ракот во минатото, за различни супстанции, предизвикаа загриженост кај потрошувачите во поглед на нивното консумирање, доведоа до тужби и извршија притисок врз производителите да ги преиспитаат рецептите и да ги заменат со алтернативи.
Ова доведе до критики дека процените на Меѓународната агенција за истражување на ракот може да ја збунат јавноста.

Стручниот одбор на СЗО за адитиви во прехранбените производи исто така ја разгледува употребата на аспартам оваа година.

Извор: МИА
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот