X
 04.05.2022 Наука

Сателитски податоци откриваат загрижувачка промена во глобалниот циклус на водата

Климатските промени сериозно го забрзуваат циклусот на водата на Земјата. Според новите сателитски податоци, слатката вода станува посвежа, а солената вода посоленa. Ако оваа шема продолжи, ќе предизвика турбо дождовни бури.

Наодите укажуваат на сериозно забрзување на глобалниот воден циклус -  знак што не е толку јасно видлив во директните мерења на соленоста од пловките во океаните.

Како што се зголемуваат глобалните температури, климатолозите очекуваат поголемо испарување на површината на океанот, што ќе го направи горниот слој на морето посолен и ќе додаде влага во атмосферата. Ова ќе го зголеми количеството на врнежи во другите делови на светот, разредувајќи некои водни површини за да ги направи уште помалку солени.

На крајниот северен и крајниот Јужен Пол на нашата планета има помалку океански пловки кои директно ја мерат соленоста на површината. Новата сателитска анализа е прва што дава глобална перспектива за ова прашање.

- Онаму каде што ветерот повеќе не е толку силен, површинската вода се загрева, но не разменува топлина со водата одоздола, што овозможува површината да стане посолена од долните слоеви и овозможува да се набљудува ефектот на испарувањето со сателитски мерења - објаснува физичарот Антонио Туриел од Институтот Де Сиенсис дел Мар во Шпанија.

- Ова ни кажува дека атмосферата и океанот комуницираат на посилен начин отколку што замислувавме, со важни последици за континенталните и поларните региони.

Неодамнешните климатски модели предвидуваат дека за секој Целзиусов степен затоплување, циклусот на водата на Земјата може да се интензивира до 7 отсто.

Тоа значи дека влажните подрачја би можеле да станат за 7 отсто повлажни, а сувите области за 7 отсто посуви во просек.

Глобалните сателитски податоци сега ги поткрепуваат тие предвидувања. Во тропските и регионите со средна географска широчина истражувачите открија значителни разлики помеѓу мерењата на соленоста на океанските пловки и сателитските мерења на соленоста.

Единствениот начин да се осигури дека топлотните бранови, сушите и бурите нема да се интензивираат во иднина е да се ограничи глобалното затоплување - а човештвото сè уште може многу да направи.

Извор: Science Alert
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука