X
 09.10.2020 Наука

Oваа недела Марс ќе биде најблиску до Земјата во последниве 17 години

Подгответе ги телескопите затоа што Марс сега е поблиску до Земјата од кога било. Всушност, толку е блиску што можете да го видите и со голо око. Но, ако сакате детално да ја набљудувате оваа планета, тогаш ќе ви биде потребно нешто помоќно.

Во текот на наредната недела љубителите на ноќното небо ќе имаат можност да ја искористат близината на Марс за да го набљудуваат.

Овој настан се случува кога Марс и Земјата се наоѓаат на најмало растојание еден од друг, во текот на нивното орбитирање околу Сонцето. Иако ова се случува на секои две години, поради нивните елиптични патеки, растојанието секојпат се разликува. На пример, апсолутното минимално растојание што го имаат едно од друг е речиси 44 милиони километри, но тоа никогаш не било забележано. Оваа година планетите ќе бидат оддалечени само 62 милиони километри, што е најмалку уште од 2003 година.

Следниот пак кога повторно ќе бидат во близина е 2035 година, што е точно во време кога НАСА се надева дека ќе испрати луѓе на Марс. Всушност, НАСА честопати ја користи близината при лансирање на нови мисии. Сега, новиот ровер „Персевиренс“ е на пат кон Марс, со очекуван датум на слетување на 18 февруари 2021 година.

Каде можете да го видите Марс на небото? Лоциран веднаш до Месечината, Марс е видлив во текот на целата вечер, иако го достигнува врвот околу полноќ. На интернет кружат измами дека Марс ќе биде голем колку Месечината, но тоа не е точно. Како што вели НАСА: - Ако тоа беше вистина, ќе бевме во голема неволја со оглед на гравитационите повлекувања на Земјата, Марс и нашата Месечина.


Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука