X
 04.06.2018 Живот

Новата жртва ја потврди растечката мизерија на човештвото

Во јужниот дел на Тајланд починал кит откако проголтал повеќе од 80 пластични кеси, и покрај обидот на ветеринарите да го спасат.

Китот бил пронајден во близина на границата со Малезија. Ветеринарниот тим се обидел да го спаси, но на крајот китот починал. Резултатите од аутопсијата покажале дека животното во стомакот имало 80 пластични кеси, тешки околу 8 килограми.

кит

Биологот Тон Тамронгнавасават, кој предава на Универзитетот „Касерсарт“ во Бангкок,  објаснува дека поради кесите, китот не можел да се храни.

Тајланд е една од земјите што трошат најмногу пластични кеси во светот, а тоа секоја година доведува до смрт на стотици морски суштества што живеат во близина на плажите на таа земја.

Секоја година најмалку 300 морски животни, вклучувајќи ги и китовите, морски желки и делфини, страдаат во тајландските води откако ќе проголтаат пластика.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот