Научниците откриле нов, брз начин на разложување на пластиката со помош на вештачка интелигенција. Станува збор за истражувачки тим од Универзитетот на Тексас во Остин кој успеал да модифицира ензим со кој се разложуваат состојките на полиетилен терефталат, кој често се користи во пластиката.
Модифицираниот ензим ја разложил пластиката за една недела. Со досегашните методи, пластиката се разложува за месеци.
Новиот
процес е наречен деполимеризација и овозможува разложените мономери да бидат повторно составени во нова пластика, со што се добива и нов начин на рециклирање.
Фото: Pixabay
Како што објаснуваат научниците, моменталните процеси за рециклирање оставаат последици врз рециклираниот производ, додека новиот метод создава пластика со карактеристики на нов производ со секое рециклирање.
Во следните чекори треба да се најде достапен начин за масовна употреба и индустријализација на процесот.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: Pixabay