Компанијата „Епл“ за наесен подготвува три нови ајфони, од кои два би требало да имаат OLED, а еден почетен модел би требало да има LED екран. Меѓутоа, јужнокорејскиот портал „ЕТН Њуз“, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека сите три ајфони би требало да имаат OLED екрани.
Информацијата веднаш предизвика пад на вредноста на акциите на компанијата „Џапан дисплеј“, која произведува LCD екрани за „Епл“, но и раст на акциите на „Ел-Џи Дисплеј“, за која се верува дека ќе ги снабдува „Епл“ со OLED екрани.
Другата информација поврзана со следната генерација ајфони вели дека еден од моделите ќе има тројна камера. Тоа ќе овозможи понатамошен развој на ЗД-технологијата за препознавање на просторот (3D sensing). Триангулациониот метод ќе овозможи прецизно одредување на оддалеченоста меѓу ајфонот и набљудуваниот објект.
По примерот на TrueDepth технологијата на предната камера на актуелниот ајфон икс, се претпоставува дека и тројната задна камера на идниот ајфон ќе има некои можности поврзани со технологијата на подобрена реалност.
Фото: B92
За таа технологија веќе подолго време интерес покажува Тим Кук, па минатата година „Епл“ претстави специјална платформа која на девелоперите им овозможува создавање апликации засновани на подобрена реалност, кои се наменети за iOS 11 уредите.
Аналитичарот Џиалин Лу наведува дека третата камера на идниот
ајфон ќе биде наменета за оптичкиот зум од 3х.