X
 13.12.2017 Живот

Франција забрани мобилни телефони во училиштата

telefon
Фото: Profimedia

Владата на Франција објави дека од почетокот на наредната година, на учениците од основните и средните училишта ќе им забрани користење на мобилни телефони.

На децата ќе им биде дозволено да ги носат мобилните телефони на училиште, но нема да им биде дозволено да ги користат во училниците.

Министерот за образование Жан-Мишел Бланкер изјави дека новата мерка ќе стапи во сила од септември 2018 година.

Мобилните телефони се веќе забранети во француските училници, но властите сакаат да ја прошират забраната на сите училишни простории.

Најавата покрена прашања како ќе биде применета новата мерка, каде ќе се чуваат телефоните, како професорите ќе проверуваат дали учениците ги почитуваат правилата и слично.

Бланкер изјави дека разговара за сите можни прашања, додавајќи дека мобилните телефони понекогаш се потребни поради итни ситуации или едукативна цел, но нивната употреба во училиштата мора да биде контролирана.

Во онлајн анкетата која направивме преку факултети.мк, околу 55 отсто од анкетираните одговориле дека нивното дете носи мобилен телефон на училиште. Ги прашавме и наставниците како мобилните им влијаат врз наставата. 77,9 отсто од професорите (190 одговориле) велат дека не им дозволуваат на учениците да користат телефони за време на часовите.

Повеќе може да прочитате тука

Паметните телефони прават себични деца - технолошки напредни, но неписмени

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот