X
 04.06.2021 Култура

Слушнете го неверојатниот глас на Павароти на 28-годишна возраст

Веднаш препознатлив, саканиот италијански пејач Лучијано Павароти и понатаму се смета за еден од најголемите тенори во историјата. Во продолжение е видео што нуди поглед на еден од неговите најрани настапи, во 1964 година во Москва, Русија, кога имал само 28 години. Видеото, на кое е прикажана изведба на „Ла дона е мобиле“ од Верди, беше објавено и на официјалната фејсбук-страница на Павароти.

- Вештината на Павароти како еден од најголемите тенори на сите времиња може да се види уште на почетокот од неговата кариера - пишува под видеото.

Првите години од кариерата тој ги поминал во италијанските оперски куќи. Во 1961 година го имал своето деби во театарот во Реџо Емилија.

Две години подоцна, во 1963 година, имал два важни деби-настапи во Државната опера, поточно во операта „Ла Травијата“ на Верди, како и во Кралската опера на Лондон.

Павароти првпат постигнал вистински успех една година по снимањето на ова видео, во 1965 година, кога почнал да настапува со колешката Џоан Сатерленд. Неколку месеци подоцна тој дебитирал во Миланската скала.

Во 1966 година се појавил во „Ла филе ду режимент“ во Кралската опера кога ја изведувал аријата „Ах! Мес амис“.



Извор: Classicfm.com
Фото: Luciano Pavarotti/Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура