X
 07.11.2021 Живот

Штетни навики кои доведуваат до предвремено стареење на организмот

Недостигот на движење и вежбање придонесува за забрзано стареење. Меѓутоа, постојат и некои секојдневни активности и навики кои може да го забрзаат стареењето.

Живот во грч

Доколку постојано сте лути, нервозни и незадоволни, тоа влијае врз вашиот изглед. Според едно истражување од 2011 година, лачењето кортизол, наречен и хормон на стресот, е поврзано со стареењето. Кога хормоните не се во рамнотежа поради хроничниот стрес, тоа може да го забрза стареењето на клетките, а потенцијално и да го зголеми ризикот за Алцхајмерова болест.

Недостиг на социјализација

Физичката активност може да ни помогне да останеме во форма и во постари години. Меѓутоа, експертите велат дека често се занемарува интелектуалната активност. Луѓето што се изолираат од другите имаат поголем ризик за когнитивен пад. Дружењето со луѓето е облик на вежбање на мозокот.

Професорката Сара Харпер од „Оксфорд“ вели дека социјалното опкружување во кое се наоѓаме е многу важно затоа што треба да се остане поврзан со врсниците и семејството.


Фото: Pixabay

Исфрлање на маснотиите од исхраната

Нашата исхрана треба да има одредено количество маснотии. За здравјето на срцето, важни се омега-3 масните киселини кои може да се најдат во некои риби и јаткасти плодови. Овие киселини истовремено ја чуваат кожата и го спречуваат појавувањето на брчките, но и го чуваат здравјето на мозокот.

Недоволно сон

За време на спиењето организмот се ослободува од мртвите клетки во мозокот и прави место за новите клетки кои треба да ги заменат истрошените. Освен тоа, дерматолозите препорачуваат квалитетен сон за да се одбегнат црни кругови околу очите, дехидрирана кожа и длабоки брчки.

Пушење

Пушењето може да предизвика очигледни знаци на стареење бидејќи ги оштетува белите дробови, кожата и забите. Поради пушењето, се појавуваат повеќе брчки околу усните. Дури и пасивното пушење може да влијае врз стареењето.

Извор: EKapija
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот