X
 20.08.2016 Култура

Како звучи гласот на Алберт Ајнштајн?

Сигурно знаете како изгледа. Веројатно сте учеле за неговите равенки и научни теории. Но дали сте го слушнале како зборува? Сега можете да се радувате и да го слушнете гласот на Алберт Ајнштајн на германски јазик.

“Spotify“ го објави “On Being Studio“ избран албум наречен  “Албарт Ајнштајн во неговиот сопствен глас“ (“Albert Einstein in His Own Voice,”) што има 7 оригинали на Ајнштајн.

гласот на Алберт Ајнштајн

Може да ги слушнете класиците како “E=MC2” и “Заедничкиот Јазик на Науката“ на физичарот со “дива“ коса. Човекот кој ги напиша законите на природата и направи револуција во науката ќе ја револуционизира и вашата аудио библиотека исто така, објаснувајќи ги овие теории и општи физички концепти на неговиот мајчин јазик со својот неповторлив глас.

Можете да одите на Spotify и доколку имате сметка може да го слушнете цел албум или да го слушнете од видото подолу гласот на Ајнштајн.

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура