Потомок на еден од лекарите на Адолф Хитлер објавил детали од писмата кои покажуваат како бил третиран нацистичкиот диктатор кога имал проблеми со грлото и гласот.
Во неделното издание на германскиот весник „НЗ ам сонтаг“ се наведува дека почнувајќи од 1935 година, во период од 10 години, Хитлер неколку пати бил лекуван од германскиот лекар Карл-Ото фон Ајкен, специјалист по оториноларингологија.
Писмата што лекарот ги испратил до својот братучед ги открил Роберт Допген, правнук на Фон Ајкен, кој ги нашол додека ги истражувал семејните архиви за училиштен проект.
- Ако е нешто лошо, апсолутно морам да знам за тоа - му рекол Хитлер на д-р Фон Ајкен по нивната консултација во мај 1935 година.
Весникот тврди дека писмата ја покажуваат и важноста што Хитлер му ја придавал на својот глас и јавните политики во кои добивал поддршка за неговиот режим и политика.
Во весникот пишува дека на прашањето на руските истражители по војната зошто не го убил Хитлер, Фон Ајкен одговорил: - Јас бев негов лекар, а не негов убиец.
Д-р Карл-Ото фон Ајкен починал во 1960 година.
Извор:
Telegraf.rs
Фото:
Wikipedia