Обожавателите конечно добија објаснување за еден од најпрепознатливите детали од сценскиот изглед на Мајкл Џексон - белите лепенки на прстите.
Иако изгледало како едноставен моден додаток, станувало збор за многу попрактична причина поврзана со неговите настапи. Мајкл Џексон, познат по своите брзи и прецизни танцови движења, сакал неговите раце да бидат што повидливи за публиката.
Белата лента на прстите, исто како и белите чорапи што често ги носел, имала задача да ги нагласи неговите движења под силните сценски рефлектори. Кога светлината ќе паднела на рацете, контрастот помагал секој гест и секој потег да бидат појасно видливи, дури и за гледачите што биле подалеку во салата.
Идејата била слична како кај спортот - на пример, жолтата боја на тениската топка е избрана токму затоа што полесно се забележува при брза игра и телевизиски пренос. На ист начин, белата лента служела за да ги „истакне“ неговите раце и да ги направи движењата попрецизни и повпечатливи за публиката и камерите.
Со текот на времето, овој детаљ станал еден од неговите заштитни знаци, слично како белата ракавица, и дел од визуелниот идентитет на кралот на попот.
Извор:
n1.info.rs
Фото:
Twitter