X
 18.01.2021 Здравје

Направена е првата трансплантација на две раце со рамена во светот

Болница во Лион, Франција соопшти дека е првата во светот која успеала да направи трансплантација на две рамена и две раце. Пациентот е маж од Исланд кој сега заздравува од 15-часовна операција направена минатата среда во болницата „Едуар-Херио“.

Во операцијата биле вклучени медицински тимови од 5 различни болници и клиники. Ова е прва операција од овој вид бидејќи претходно во трансплатациите на раце не биле вклучени рамената. Од болницата изјавиле дека наскоро ќе излезат со повеќе детали за операцијата.

Според локални медиуми, на 48-годишниот маж му биле ампутирани двете раце на возраст од 26 години откако тој бил удрен од струја.

Првата трансплантација на двете раце била направена во 2008 година во Германија, на фармер на кој му биле ампутирани рацете по несреќа во работата. Првата трансплантација на дланка била направена во Лион во 1998 година.

Извор: euronews.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје