Австралискиот хирург Наташа ван Зил драматично им го подобрила животот на 13 лица со преместување на нервите.
Пред да одат под ножот на операција, екстремитетите на четворица пациенти биле парализирани поради неодамнешни несреќи.
Користејќи техника позната како трансфер на нерви, Ван Зил им ја повратила способноста на пациентите за исправање на нивните екстремитети и за фаќање и притискање со рацете. Таа мисли дека многу други би можеле да ги имаат истите придобивки.
Зил ги објави деталите од операциите во списанието „Лансет“. Таа и нејзиниот тим од болница во Мелбурн, Австралија, почнале со отстранување на функционални нерви од над 'рбетните повреди и ги трансплантирале нервите во парализираните екстремитети на пациентите.
Две години по операциите пациентите покажале значително подобрување на функциите на рацете.
Како што истакна Зил, пренесувањето нерви постои одамна, но дури во 2014 година таа и нејзиниот тим создале трансплант од тројни нерви за да лекуваат парализа.
Успехот на првата операција довел до новата студија, за која пациентот Пол Робинсон се надева дека ќе охрабри и други да побараат трансфер на нерви.
- Можеби има некој друг таму надвор што не го гледа тоа како опција. Ова многу ми го промени животот, се надевам може да му помогне и на некој друг. Навистина е нешто што го менува животот -
истакнува тој.
Фото: Freepik