X
 29.10.2021 Живот

Воодушевувачки балет со раце изведен на затворањето на Параолимписките игри

На Параолимписките игри во Токио 2020 година имаше специјален кореографски настап како дел од церемонијата на затворањето. Во кореографија на Садек Ваф, прекрасниот балет со раце беше изведен совршено синхронизирано од 126 професионални и аматери - изведувачи во инвалидски колички. Секој човек е облечен со црна кошула, што ги правеше движењата на нивните раце уште повоодушевувачки.

Настапот започна со Оксандре Пеку, 12-годишно момче кое беше првата личност во Франција што доби 3Д-печатена бионичка рака наречена „Хороу арм“ со повеќе држачи од „Оупен бионикс“. По неговата појава, на сцената излегоа изведувачи во инвалидски колички кои правеа движења синхронизирано со музиката. Последниот потег ја натерал групата да создаде „2024“ со рацете како симбол на претстојните Параолимписки игри во Франција (во 2024 година).

Иако не е баш точната рутина, кореографијата на Ваф за Параолимпијадата потсетува на некои од неговите други секвенции. Особено неговиот „Мјурмирејшн проџект 64“ содржи некои исти движења на рацете што ги имаа игрите. 

- Има магија насекаде, клучот е да знаеш како да гледаш и да слушаш во тишина - пишува тој и додава: - Како облак од птици што формираат бранови на небото, секој поединец има свој идентитет, но незаменливо место во целината.

Погледнете ја церемонијата.



Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот