Ќе можете ли да преживеете на Марс?

Ќе можете ли да преживеете на Марс?

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Во последно време многу често се дискутира за испраќање луѓе на Марс. Тој потфат можеби ќе биде изведен во наредната деценија. 

Но, што е потребно за да се оди на Црвената Планета? Астронаутите се специјално тренирани за да можат да издржат 3g сили (тоа е 3 пати Земјина гравитација), но некои луѓе можат да ја изгубат свеста од притисокот.

Без заштитните атмосферски костими ќе се соочите со ефектите од Сончевата радијација, а со тоа се изложувате на ризик од добивање рак и оштетување на централниот нервен систем.
Патот до Марс трае 150 дена во мало вселенско летало. Притисокот и микрогравитацијата предизвикуваат главоболки, слепило и бавно варење на храната. Астронаутите генерално губат по 1 процент од густината на коските месечно поради микрогравитацијата, па за да ја одржат, секојдневно вежбаат по  2 часа.

За повеќе детали погледнете го видеото.