Научниците откриле нов пат низ Сончевиот Систем кој ќе ни овозможи многу побрзо патување во вселената.
„Небесниот автопат“ им овозможува на астероидите да патуваат во вселената многу побрзо отколку што се мислело претходно, а ова може да доведе и до побрзи вселенски патувања за човекот. Со новиот пат патувањето од Јупитер до Нептун би траело помалку од една деценија.
Истражувачите што дошле до овој заклучок ги анализирале врските помеѓу сводовите кои се протегаат на рабовите на Сончевиот Систем. Тие подобро ги разбрале овие врски со помош на нумерички податоци од
милиони орбити во Сончевиот Систем.
Сепак, ќе бидат потребни дополнителни истражувања за подобро да се разбере како овие структури влијаат врз вселенските тела и како би се користеле за побрзо патување во вселената.
Автор: Ендру Грифин
Извор:
independent.co.uk
Насловна фотографија:
Pexels