X
 19.03.2016 Образование

Како звучел англискиот јазик пред 1.000 години?

Англискиот јазик денес е еден од најраспространетите и најпознатите светски јазици, а повеќето од нас го разбираат и го зборуваат, но како овој јазик звучел пред 1.000 години?

Ако погледнете било кој историски филм чија приказна се одвивала на подрачјето на денешна Велика Британија, ќе забележите дека глумците зборуваат на течен англиски со евентуално мал шкотски акцент. Но, дали Робин Худ и старо-англиските херои кои се бореле против Викинзите навистина зборувале на таков јазик или и јазикот, како и се` останато, еволуирал? Секако дека еволуирал - и не само што англискиот јазик денес е различен од оној пред 1.000 години, туку разликата е толку голема што и нативните англичани веројатно не би го разбирале тој јазик.

Во продолжение ви нудиме извадок од оригиналниот јазик на кој се пишувани познатите „Кантербериски приказни“ од Џефри Чосер, таткото на англиската литература:

Whan that Aprill, with his shoures soote
The droghte of March hath perced to the roote
And bathed every veyne in swich licour,
Of which vertu engendred is the flour;

Приказните потекнуваат од 1389 година и е тешко да се сфати за што станува збор, првенствено поради комбинацијата на архаични и изумрени зборови, различниот начин на пишување и различното значење на некои од зборовите. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование