„Песочниот човек“ (англ. The sandman), новата серија на „Нетфликс“, платформата ја чинела дури 165 милиони долари, а критичарите сметаат дека станува збор за вистинско ремек-дело. Главните улоги во серијата ги толкуваат Том Стариџ, Внедолин Кристи, Кирби Хаул-Батист, Џена Колмен и Марк Хамил.
- Целта на адаптацијата е да се испочитува изворниот материјал додека новите обожаватели ги запознава со нешто што, се надеваме, ќе им се допаѓа и не знам колку серии се добредојдени од новите гледачи кога станува збор за тоа колку бргу се преминува од една приказна на друга. Во таа една, многу специфична смисла, серијата можеби нема да ја исполни својата цел, што ме спречува да ѝ дадам оцена 10/10 и покрај фактот дека освен таа многу мала замерка, „Песочниот човек“ е ремек-дело - напишала критичарката Амилија Ебервинг.
Критичарот Ричард Њуби изјавил дека се надева дека серијата ќе има повеќе сезони бидејќи, како што вели, тоа го заслужува. - Со своето внимание кон изворниот материјал, својата импресивна актерска екипа и видот на експанзивна изградба на свет мој дефинитивно бара повеќе сезони, „Песочниот човек“ е она од што се создадени соништата - изјавил тој.
Сите критичари не се сложни за тоа колку серијата е успешна адаптација на оригиналниот стрип, тие сепак сметаат дека серијата вреди да се погледне.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)