Главните ликови на серијата „Пријатели“ повторно се сретнаа во студиото на „Ворнер брос“ за да ја снимат специјалната епизода, која ќе биде прикажана на „Ејч-би-о макс“ на 27 мај. Актерите биле и на насловната страница на списанието „Пипл“, а во интервјуто откриле што мислат дека нивните ликови би правеле во моментов.
Џенифер Анистон, која ја толкува улогата на Рејчел, изјавила дека нејзиниот лик веројатно досега создал свој бренд за облека и живее во Њујорк.
Кортни Кокс, која ја знаеме како Моника, открила дека Моника веројатно би правела нешто што вклучува натпревар со другите мајки и веројатно би била на чело на некоја асоцијација за родители и наставници.
Лиса Кудро мисли дека Фиби сега би живеела во Конектикат со сопругот и нивните деца и би била одговорна за уметничката програма во локалното училиште.
Метју Пери ја замислува иднината на Чендлер како одличен татко и прекрасен автор на комедија.
Според Метју Лебланк, Џои веројатно би отворил синџир сендвичарници и би ги изел сите сендвичи.
Дејвид Швимер изјавил дека Рос и понатаму би играл со коските и би инвестирал во продавниците на Џои, поради што би изгубил голем дел од неговата заштеда за децата.
Анистон открила дека снимањето на специјалната епизода било многу емотивно за актерите.
Автор: Маријан Гарви
Извор:
cnn.com
Фото: Принтскрин/Youtube