Јагуарундите се мачки кои живеат во Мексико и имаат некои необични карактеристики: витки, издолжени тела, кратки нозе и мали глави со заоблени уши што ги прави повеќе да личат на видри или ласици отколку на мачки. Тие живеат во низински области со густа вегетација, каде што вообичаено се кријат, вклучително и во грмушки, мочуришта и шуми.
И покрај нивното име, јагуарунди, овие мачки не се тесно поврзани со јагуарите, дури ни со други мали диви мачки од Централна Америка. Всушност, генетската анализа покажува дека се послични на пумата или на планинскиот лав (пума конколор). Ова е причината што неодамнешните истражувања го користат научното име пума јагоураоунди.
Јагуарундите се оддалечиле од пумите пред 4 до 7 милиони години. Сепак, јагуарундите се многу, многу помали од планинските лавови: лавовите тежат од 34 до 72 килограми, додека со тежина 3 до 7 кг јагуарундите се едвај поголеми од домашна мачка.
И дивите и домашните мачки испуштаат низа звуци, во зависност од тоа што се обидуваат да им кажат на другите. Повеќето сопственици на домашни мачки слушнале 'ржење, мрчење и грчење, а истото до одреден степен го прават и големите диви мачки како лавовите, тигрите и јагуарите.
Но, јагуарундите имаат многу поширок вокален репертоар од другите мачки. Всушност, може да испуштат најмалку 13 различни звуци, вклучувајќи рикање, врескање, свирење, џагор, брборење и чудно црцорење како птица. Не е познато точно како или зошто јагуарундите испуштаат толку многу различни звуци. Тие се екстремно повлечени и ретко се гледаат во дивината. Меѓутоа, истражувачите кои ги набљудувале овие животни во заробеништво биле сведоци дека тие ги користат овие звуци за да комуницираат, да ја обележат нивната територија и да најдат партнери.
Извор:
Livescience.com
Фото:
Wikipedia