X
 12.07.2019 Живот

Имаме убави вести за оние што си зборуваат сами со себе

Кога некој оди по улица и си зборува сам со себе, луѓето главно проценуваат дека не е сосема свој и суптилно му се тргаат од патот. Но, ако некогаш сте се фатиле како разговарате сами со себе, не паничете - веројатно сте имале корист од тоа...

Излегува дека науката го препознава ваквото однесување како многу ефикасен вид ментална вежба која има благотворно дејство врз менталното здравје на лицето. Изразувањето на некои внатрешни мисли наглас може да ви помогне подобро да ги согледате и сегашноста и иднината, па тоа е нешто што можеби секој од нас би требало да го практикува.

- Не постои ништо поважно од начинот на кој разговараме со самите себе бидејќи тој внатрешен дијалог, без разлика дали се води суптилно или не толку суптилно, всушност ги поврзува нашите потсвесни мисли, емоционалната состојба и изборите што ги правиме. Кога си шепотиме охрабрувачки зборови, тоа ни дава повеќе сила и храброст да го направиме саканото нешто - вели Лиса Ференc, психотерапевт.

Таа тврди дека искажувањето на внатрешните мисли поттикнува позитивен поглед на себеси, својот живот и на денот што следува. Според неа, добар начин за усвојување на овие здрави ментални навики е да ги запишете нештата на кои сте благодарни, потоа сите свои позитивни особини и сили, а потоа да застанете пред огледало и да ги изговорите тие нешта наглас. На почетокот ова може да изгледа малку чудно, но со текот на времето ќе се навикнете и ќе сфатите дека ви е од корист.

Студија на Универзитетот во Летбриџ, Канада, покажа дека студентите што учеле како да водат позитивен и негативен разговор со себе се во состојба да ги променат сопствените погледи, ставови и реакции, а заклучокот е дека разговор со себеси е еден од знаците дека всушност сте попаметни отколку што мислите. Па, ништо не ве чини да пробате.

Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот