Секој родител има репертоар на песни кои воопшто не им се интерени, но кои нивното дете ги обожава. Освен што придонесуваат Вашето дете повеќе да се смешка, имаат неверојатно позитивно влијание врз неговиот мозок.
Фото извор: cherylholt/Pixabay
Кога му пеете, зборувате или читате на детето му помага на мозокот да научи повеќе зборови, а тоа се подготвува и за училиште и за долгорочни успеси. Еве за што друго придонесуваат тие:
Се подготвуваат за учење – за да биде успешно н училиште мора да воведете користење на јазикот во целиот ден. Ова помага да се изгради мозокот и јазичните, математичките, читачките и социјалните вештини да се развијат.
Се прави листа на информации – Кога детето ќе дојде на свет постојано е изложено на нови видици, мириси, звуци и тексути кои го стимулираат мозокот да ги организира информациите наоколу. Иако има многу играчки да се унапредат вештините, мозокот на бебето е програмирано да добива повеќе информации од другите луѓе.
Нивните нервни патишта се формирани – најдраматичниот период на развој на мозокот е од 0 до 5 години. Тогаш мозокот формира нервни патишта многу брзо, а јазикот го унапредува нивното создавање.
Бројот на зборови им се зголемува – што повеќе се користи јазикот околу бебето, толку повеќе ќе биде изложено на зборови, а тоа понатаму ќе значи и побогат вокабулар.
Тие ги разбираат концептите на математиката – броењето на глас со користење на математички зборови со Вашето најмило позитивно влијае на математичките способности, кои повеќе ќе се развијат додека да дојде време за основно училиште.
Креираат силни социо-емотивни вештини – справувањето со емоциите е полесно кога се има основа за тоа. Една студија потврдува дека постои поврзаност меѓу квалитетот на интеракциите дете-родител, јазичните вештини и силните социот-емотивни вештини. Сите тие влијаат на успехот и среќата и надвор од училиштето како и во животот кога ќе станат возрасни.
Имаат добри вештини за донесување на одлуки – апсопцијата на многу зборови на рана возраст е тајната на одгледување на личност која ќе знае да донесе одлука.
Се зголемуваат шансите за постигнувања – малите нешта како контакт со очите, држењето на раката и зборувањето преку целиот ден се начини на кои родителите им помагаат на децата да успеат на училиште како и да станат возрасни со
самодоверба.