Пејачката Рита Ора е уште една позната личност која започна јавно да зборува за нејзината борба со анксиозноста. И додека оваа тема за менталното здравје станува се' помалку табу, депресијата кај мажите често пати останува во темнина.
Минатата недела ирскиот меѓународен рагби играч за Халифакс, Лук Амбер доживеал шок кога се самоубил член од неговото семејство. Токму затоа, Лук ја создал Фејсбук страната „Andy's Man Club“ која ги поканува мажите да зборуваат за нивната депресија или било каква емоционална болка од која страдаат.
Дополнително на тоа, тој ја создал и кампањата на Твитер #ITSOKAYTOTALK заедно со кампањата „Against Living Miserably (Calm)“ со цел да ги охрабри мажите да зборуваат и да им изразат поддршка на другите мажи кои страдаат од ментални здравствени проблеми. Идејата е да се објави селфи со универзалниот гест со раката за „во ред“.
Потоа корисникот треба да номинира пет од пријателите или членовите од семејството да го направат истото, а под фотографијата треба да стои пораката:
„Најголемиот убиец на мажите на возраст под 45 години е самоубиството. Во 2014 година, 4.623 мажи си го одзеле животот. Тоа се 12 мажи секој ден, 1 маж на секои 2 часа. 41% од мажите кои размислувале за самоубиство чувствувале дека не можат да разговараат за своите чувства. Да им покажеме на мажите низ светот дека #ITSOKAYTOTALK“