X
 04.08.2023 Живот

Автопат во САД се распаѓа од високите температури

Екстремните температури кои летово се забележуваат во САД драматично влијаат врз патната инфраструктура во делови од државата.

Два дела од автопатот „И-94“ потонале и пукнале во Минесота, каде што температурите стигнале 38 степени Целзиусови, а константно се над 35 степени.

Министерството за сообраќај на Минесота објавило фотографии на „Твитер“ на кои може да се видат две места на автопатот каде е забележана штета поради интензивната топлина. Феноменот се јавил како резултат на ширење на постариот пат поради екстремно високите температури.



Извор: Pametni gradovi
Насловна фотографија: Twitter 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот