X
 02.08.2020 Живот

Математичар ги предвиде овогодинешните протести во САД во 2012

Во 2012 година, биологот и математичар Питер Турчин од Универзитетот во Конектикат направил храбро предвидување: САД е на добар пат да има хаотична и насилна 2020 година. Сега гледаме дека тој не бил далеку од вистината.

Оваа година во САД имаше многу немири, започнувајќи од пандемијата до полициските убиства, што предизвикаа протести низ земјата и низ светот и немири во некои американски градови. Турчин го направил предвидувањето во напис објавен во „Џурнал оф пис рисрч“ во 2012. Во него тој го анализирал политичкото насилство, вклучувајќи ги немирите и тероризмот, кое било забележано во САД од 1780 до 2010.


Фото: Freepik

Тој забележал дека има низ историјата се повторува шема во која насилството следувало по долг мирен период кој траел околу 200 или 300 години. Во овој модел, тој забележал одредени осцилации кои се повторувале приближно на секои 50 години. Насилството било најголемо околу 1870, 1920 и 1970 година.

Според теоријата на Турчин, зголемувањето на насилството на секои 50 години не е случајност. Тој вели дека вакви циклуси има и во други држави низ историјата. Општествените проблеми како економската нееднаквост водат до зголемување на граѓанските немири со текот на времето, а тоа го достигнува врвот на крајот од циклусот.

Потоа, општеството се фокусира на намалувањето на насилството и се враќа релативниот мирен период од 20 или 30 години. Во меѓувреме, скриените проблеми повторно стануваат видливи и новата генерација се фокусира на нив.


Фото: Freepik

Имало дебата за теоријата на Турчин и некои критичари не се согласуваат со математичарот, но тој вели дека на САД ѝ претстои бурна деценија. Според него, проблемите како намалениот животен стандард за мнозинството, конфликтите и растечката конкуренција не се елиминирани и ветуваат нови турбуленции кои ќе бидат предизвикани со одредени настани, како што убиството на Џорџ Флојд ги поттикна протестите во САД неодамна.

Автор: Стефани Папас 
Извор: livescience.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот