X
 01.10.2022 Политика

Во внатрешноста на тајниот музеј на ЦИА

Централната разузнавачка агенција на САД, позната како ЦИА, има музеј кој е затворен за јавноста. Тоа е единственото место каде што може да се види пиштолот со кој бил убиен Осама бин Ладен, како и кожената јакна на Садам Хусеин.

Музејот се наоѓа во седиштето на ЦИА во Лангли, Вирџинија. За 75-годишнината на агенцијата, мал број новинари добиле ексклузивен пристап до музејот, пренесува Би-би-си.

Колекцијата во музејот има 600 артефакти, меѓу кои камера скриена во кутија за цигари, гулаб со сопствена шпионска камера, па дури и чаша за мартини што експлодира. Во музејот има и модел од местото каде што се криел Осама бин Ладен во Пакистан, како и модел од местото каде што се криел Ајман ал-Завахири, лидерот на Ал-каеда, кој бил убиен на 30 јули.


Посетители на музејот се вработените во ЦИА, како и официјални гости. Од агенцијата објасниле дека музејот се користи и за едукативни цели на вработените во ЦИА кои преку него се запознаваат со историјата на агенцијата.

Дел од изложените предмети може да се видат и онлајн, но засега повеќето остануваат достапни само за малиот број посетители што може да влезат во музејот.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Седиште на ЦИА/Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика