X
 04.08.2024 Живот

Колку често треба да го чистите душекот од креветот?

Дали редовно ја менувате постелнината, но не размислувате на чистотата на вашиот душек? Можеби не знаете колку редовно треба да го чистите за да бидете сигурни дека добро го одржувате, а веројатно и не сте сигурни како да го чистите.

Експертите веруваат дека душекот треба да се чисти на секои 4 до 6 недели.

Започнете со отстранување на целата постелнина, вклучувајќи ги и заштитните навлаки на душекот. Ставете ја постелнината во машината за перење, а потоа вклучете ја правосмукалката за да ги собере сите трошки, влакна од домашни миленици и други остатоци од душекот. Потоа посипете го душекот со сода бикарбона, а потоа добро втријте ја во душекот со сув сунѓер или крпа. Оставете да отстои до еден час бидејќи сода бикарбоната ќе ги отстрани непријатните мириси. Потоа исчистете ја сода бикарбоната со правосмукалка.

- На крајот испрскајте го душекот со средство за отстранување дамки од тепих и тапацир. Оставете да дејствува пет минути, а потоа темелно исчистете ја површината на душекот. На крај поминете со чистач на пареа. Оставете го душекот без постелнина додека не се исуши за да не се формира мувла.

Некои сметаат дека чистењето на душекот на секои 6 до 8 недели е претерано.

Извор: 24sata.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот