X
 22.04.2021 Живот

Супермаркетите на „Лидл“ во Ирска нудат бесплатни производи за менструална хигиена

Супермаркетите на „Лидл“ во Ирска се првите што нудат бесплатни производи за менструална хигиена. Од синџирот супермаркети неделава најавиле дека иницијативата има цел да им помогне на жените и девојките што не можат да си дозволат вакви производи, а најмногу на бездомничките и зависничките.

„Лидл“ ќе им доделува месечни купони за производи за менструална хигиена на корисничките на нивната апликација, а тие ќе може да го користат овој купон за бесплатно да земат производи од 168 супермаркети во земјата.



Од компанијата изјавиле и дека ќе донираат производи за менструална хигиена на хуманитарната организација за бездомници „Сајмон комјунитиес“ за да обезбедат пристап до овие производи за оние што немаат телефони.

Според извештај објавен годинава од владата на Ирска, дури 85.000 жени и девојки се под ризик да немаат доволно финансии за производи за менструална хигиена.


Фото: Pixabay


Минатата година Шкотска стана првата земја во светот што обезбеди бесплатни производи за менструална хигиена во јавните институции.

Неколку сојузни држави во САД и земји низ светот не ги оданочуваат ваквите производи, вклучително и Канада, Индија, Австралија и Кенија. Минатата година Германија го намали данокот за овие производи бидејќи тие се потреба, а не луксуз.

Автор: Ејми Вудјат
Извор: cnn.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот