X
 11.12.2020 Живот

94-годишна пензионирана наставничка одбива да престане да работи, па ги чисти улиците во Грузија

Тина Григалашвили има 94 години. Секој ден станува во 4 часот наутро и оди на работа, а она што го работи воопшто не е лесно за жена на нејзини години. Оваа баба ги чисти грузиските улици и не ѝ паѓа на памет да престане со работа.

Иако некогаш била наставничка и предавала грузиски јазик во училиште, по заминувањето во пензија почнала да излегува на улиците за да има некоја занимација надвор од домот.

- Да бидам искрена, на почеток ми беше малку срам. Дури и напишав песна: „Ако ме видиш на улица, со метла в рака, немој да бидеш изненаден, драги. Старите денови пропаднаа, дојдоа нови патишта и ова сум јас сега“.

Како што вели таа, оваа песна ја напишала за нејзините поранешни ученици, за да ги предупреди да не се шокираат кога ќе ја видат како ги мети улиците.

- Додека можам, нема да седам дома. Никој не може да го промени тоа - вели таа за „Радио слободна Европа“.

Сега се чувствува како да прави општествено корисна работа за државата и до крајот на животот сака да работи за да го напушти светот како „исцеден лимон“. Ова му го кажала и на нејзиниот шеф кога се јавила за тешката физичка работа, и покрај тоа што е пензионирана наставничка.

Инспирација за овој нејзин став бил човекот кој го слушнала на телевизија како коментира дека дошол на овој свет за да работи и дека со своите работнички раце може и да го докаже тоа. На ист начин својата цел ја гледа и оваа прекрасна и силна баба, која живее за да работи, а поради тоа нејзината приказна стигна до сите делови на светот и сите имаат длабока почит кон оваа мотивирана жена.



Извор: Noizz.rs | Rferl.org
Фото: Screenshot/RadioFreeEurope/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот