Пушачите во Австралија наскоро ќе мора да плаќаат уште поголеми цени за тутунските производи. Најагресивната земја во борбата против пушењето во светот со овој потег ја направи зависноста неисплатлива - сега цигарите ќе чинат 17 евра, што е речиси трипати повисока цена од Германија. Следната година цената ќе биде зголемена за уште 12,5 отсто.
Оваа мерка стапува во сила овој месец, а наредната година цената на тутунските производи треба да се зголеми за дополнителни 12,5 отсто, за понатамошно сузбивање на зависноста од пушењето.
Светската здравствена организација ги повика сите земји во светот да ги зголемат даноците за тутунските производи, велејќи дека повисоките цени се најдобриот начин за намалување на пушењето кај постарите лица, но и кај помладите.
Австралија е првата земја што постави вознемирувачки слики на кутиите за
цигари како мерка против пушењето.