X
 04.09.2019 Образование

МОН, фати се за работа! Илјадници студенти чекаат покрив над глава!

Пет дена доцни објавувањето на списоците за прием на студенти во студентските домови во Скопје. Иако во конкурсот на Министерството за образование и наука стои дека најдоцна до 31 август ќе бидат објавени резултатите, до денес новите станари во некој од студентските домови при Државниот студентски центар и студентскиот дом „Пелагонија“ чекаат одговори дали се примени.

Од МОН велат дека комисиите сѐ уште работат и дека до крајот на неделата ќе ги објават резултатите.
Ова не е првпат МОН да доцни со објавувањето резултати од некој конкурс. И по еден месец студенти чекаа за резултати за студентските стипендии во февруари годинава.

Студентите реагираат за пропустот на МОН. Се огласи и студентската организација при Правниот факултет.

- Студентите веќе петти ден ги чекаат резултатите за сместување во студентските домови! Иако резултатите требаше да бидат објавени уште на 30 август, а студентите веќе да бидат сместени во домовите, МОН уште нема објавено никаква информација. Студентите веќе требаше да планираат како ќе ја поминат годината и кои испити ќе ги полагаат, наместо тоа, тие се оставени на цедило и во неизвесност за своето домување бидејќи господата во МОН се зафатени со пиење кафиња и гледање турски серии, па немаат време да си ги завршат своите работни обврски.
Вработени во МОН, фатете се за работа! Илјадници студенти чекаат на вас! - објавија тие на својот фејсбук-профил.
Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование