Германија ќе ја помогне реконструкцијата на нашите студентски домови

Германија ќе ја помогне реконструкцијата на нашите студентски домови

Германија ќе ја помогне реконструкцијата на студентските домови во земјава, информираа денеска од Владата по завршувањето на 117. владина седница.
„Владата ја разгледа и ја усвои информацијата за можноста за обезбедување техничка помош од Владата на Германија за процена и утврдување на потребите за реконструкција на студентските домови во Република Македонија“, соопштија од прес-службата на Влада.
Во соопштението се додава и дека Владата го задолжила Министерството за образование и наука веднаш да пристапи кон подготовка на ранг-листа на студентски домови во земјава по приоритет за инвестирање.