Што сега? Ова прашање си го поставуваат матурантите кога го завршуваат средното образование и ја полагаат државната матура. Се случува да не можат да се одлучат на кој факултет да се запишат или, пак, да не ја поминат матурата. Ако ви се случило нешто вакво, тогаш сигурно сте ги изговориле следниве реченици:
1. Дојчланд, доаѓам!
2. Секако планирав да паузирам една година.
3. Топлината ме уби. Полесно ќе положам во есенскиот рок.
4. На брод за девет месеци можеш да заработиш 100 илјади долари.
5. Не се важни резултатите од матурата, важно е дека сум жив и здрав.
6. Се смеам, а ми се плаче.
7. Тоа е кога се фалев со напредно ниво математика. Требаше да си одберам обична математика, како цел нормален свет.
8. Простете ми мајко и татко, знам дека сте ми овозможиле сè, а мое беше само да учам. И тоа не успеав да го направам.
9. Па ни Зукерберг ни Гејтс не завршиле факултет, па гледајте до каде стигнале.
10. Кој ќе ги трпи критиките на родителите цело лето?